Џафери со честитка за Божиќ: Љубовта, милосрдието и меѓусебната почит, да ви донесат здравје, напредок, внатрешен мир

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод големиот празник Рождество Христово Божиќ до сите верници кои го празнуваат.

„Од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово - Божиќ да упатувам искрени честитки до сите граѓани кои го прославуваат празникот по грегоријанскиот календар.

На овој значаен празник кој има моќ да обединува, со мојата порака посакувам универзалните вредности кои произлегуваат од секој празник - љубовта, споделувањето, милосрдието и меѓусебната почит, да Ви донесат добро здравје, напредок, внатрешен мир и да бидат причина за многу радости. Пред сè, посакувам овие вредности да бидат водилка во градењето на нашата заедничка иднина, со добри и позитивни мисли.

Почитувани граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот и да Ви посакам празничните денови да ги поминете опкружени со вашите најблиски, во топлината на вашите домови исполнети со духот на празникот“, стои во честитката на Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега