Спасовски: Незаконското снимање и прислушување мора да биде прекинато

 

Во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ гостуваше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој прашан за легалитетот, но и за се почестата појава на снимања од страна на големите компании, вели дека тоа кој кого прислушува, дали некој некого снима, е работа која треба да биде прекината.

 

-Денеска секој секого може да снима со овие телефони, секој може да го вклучи телефонот и да влезе на состанок, колегите вообичаено не се сомневаат дека некој ги снима- вели Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Крупните криминални гонења се должат на активноста на службите, а одекот во јавност се должи на нашата заложба да бидеме транспаренти. На прашањето дали ескалираат насилството и тешкиот криминал, министерот за внатрешни работи Спасовски во  истакна дека оваа година има намалување на криминалот во споредба со 2018 година.

 

Министерот Спасовски го повтори ставот дека и покрај советите од страна на дел од службениците да не дава многу информации, тој се залага за максимална транспарентност.

Околу последната афера како и зошто МВР три дена молчеше за најновата афера со шверцот на кокаин, Спасовски со одговор дека се работи за голема меѓународна акција, а вчера на прес-конференцијата беа објавени и потврдени заеднички информации.

На прашањето зошто се дозволи актерката која е осомничена во аферата да биде снимана со камера додека нејзиниот сопругот беше спроведен без јавност, Спасовски ја префрла одговорноста кај Обвинителство.

-Тоа треба да го прашате Обвинителството- рече Спасовски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега