Скопјанец прегази 4- годишно дете од Словенија: Со тешки повреди пренесено во Градска болница
Четиригодишно дете со тешки повредни пренесено во болница, откако во него удрил автомобил.
Вчера во 15 часот и 30 минути на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(42) од Скопје, удрило во четиригодишно дете-пешак од Словенија.
Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
25.12.2019 - 10:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа