Сашко Бошков е првиот сведок во „Рекет“

 

Денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“.Адвокатот Сашко Бошков е првиот сведок кој ќе сведочи на рочиштето за случајот информира ТВ21.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и денеска треба да бидат сослушани тројца сведоци.

Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а второобвинетата Јанева за кривични дела  „примање награда за противзаконито влијание“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега