Со автомобил удрил во пешак на паркинг кај „Партизанска“

 

Вчера попладне во 14.30 часот на паркинг простор на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(30) од Скопје, удрило во пешак Ж.С.(79) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега