Пендаровски на средба со сниматели при ЗНМ: Подобрување на условите за нивната работа

 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими претставници на секцијата на сниматели при Здружението на новинарите на Македонија, соопшти претседателскиот кабинет.

На средбата снимателите го информираа претседателот Пендаровски за тековните активности на нивната секција, нивната секојдневна работа, како и за предизвиците со коишто се соочуваат во извршувањето на нивната професија.

Снимателите го запознаа претседателот Пендаровски со објавувањето на публикацијата „Прирачник за професионална, безбедна и етичка работа на снимателите во медиумите“, која има за цел да се прикажат проблемите, предизвиците, но и можностите кои ги создава професијата снимател, во контекст на медиумското известување.

Претседателот Пендаровски, поздравувајќи ги активностите на секцијата на сниматели при ЗНМ, изрази уверување дека нивното заедничко делување ќе придонесе за подигнување на свесноста за нивната професија и за околностите при кои таа се извршува.

 

Снимателите, истакна претседателот Пендаровски на средбата, се важен елемент во работата на медиумите и поради тоа треба да се поддржат напорите за подобрување на условите за нивната работа, заштита на терен, во институциите и надвор од нив.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега