Вечерва и СДСМ ќе решава за кадровски прашања поврзани со техничката влада

Македонија е на чекор од формирање техничка влада, откако  владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да бидат усвоени законски предлози кои се врзани со примена од 1 јануари,  а кои претходно беа блокирани од опозицијата. 

По одржување на седницата на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев информираше за одлуките.

- Прво Извршниот и Централниот комитет едногласно дадоа доверба на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски да ги води разговорите и да ги даде предлозите во однос на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за идни министри, односно заменици или дополнителни министри во техничката влада. Целта на овие луѓе ќе биде да се погрижат за фер, демократски и целосно транспарентни избори кои ќе се одржат на 12 април, вели тој.

 

Централниот и Извршниот комитет даде целосна едногласна поддршка на Претседателот на партијата Христијан Мицкоски да биде новиот мандатар односно кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа. 

Како што дознав Канал 5, разговорите за техничката влада започнуваат утре во 16 часот со средба во Собранието меѓу претседателите на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

 

Еден час потоа во Влада премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Вечерва и СДСМ ќе решава за кадровски прашања поврзани со техничката влада. На седница на Централниот одбор треба да биде избран кандидатот за технички премиер, кој ќе ја преземе функцијата откако премиерот Зоран Заев ќе поднесе оставка на функцијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега