Ѓорчев: Завршува тешка година, следува година на промени

Кога некој во ова време ќе каже дека Македонија блеска, дека е сјајна ѕвезда, заслужува и еден „скопски“ одговор од типот „на какви печурки си“ и „нека смали на доживљај“, рече во емисијата „Утрински брифиг“, пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, околу обвинувањата за недолична комуникација преку собраниската говорница.

Според Ѓорчев, завршува тешка година, со газење на демократијата, и следува година на промени.

– Зад нас е тешка година и за три месеци очекуваме промени. Во парламентот имавме тешка година, затоа што се случија процеси кои беа надвор од сите демократски текови, како носење на пратеници директно од притвор да гласаат. Вакво газење на демократијата никогаш не се случило, изјави во „Утрински брифинг“, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ

Јасно е дека секоја власт, секоја влада мора да се фали ама нека намали малку, нека како што велат „нека смаљи доживјај“, истакна Ѓорчев.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега