ВМРО-ДПМНЕ: Инвестиции нема, нови работни места нема, само бизнисите на Заев со марихуана цветаат

СДСМ за овие три години ги осиромаши граѓаните и донесе мизерија во државата. Во Македонија скоро 500.000 луѓе живеат во  сиромаштија додека секој трет човек е на работ на егзистенцијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Економијата е во очајна состојба и сите економски параметри го покажуваат тоа. Инвестиции нема, нови работни места нема, само бизнисите  на Заев со марихуана цветаат. 

Младинската невработеност е највисока во Европа додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80% во одредени региони од државата.

СДСМ не направи никакви валидни и суштински реформи ниту за граѓаните ниту за младите. Секојдневно огромен број на луѓе се иселуваат од државата токму поради лошите политики на Владата на Зоран Заев.

Општеството не нуди никаква перспектива за граѓаните на оваа земја. Затоа СДСМ мора што поскоро да си замине за да почнат вистинските реформи во сите сфери на општеството. СДСМ мора да си замине за обновата да почне“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега