ВМРО-Народна: МПЦ да започне со кампања за штетноста на бадникарските огнови

ВМРО-Народна партија упатува апел до Македонската православна црква да уште веднаш се започне со кампања за штетноста на бадникарските огнови како од верски аспект така и од еколошки, особено сега кога процентот на загаденост во градовите низ Македонија е на највисоко ниво.

ВМРО-Народна партија смета дека и оваа година нацијата треба да се придружува кон повиците на МПЦ за прекинување на оваа хибридна традиција која нема ништо општо со традиционалните христијански обичаи.

„Токму поради овие причини упатуваме апел и до нацијата достојно да го прослави овој голем христијански празник во духот на православието со богослужби во христијанските храмови ширум Македонија“, соопшти партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега