Николоски: Заев бега од одговор бидејќи не го пријавил случајот „Рекет“ зашто самиот тој е на врвот на пирамидата

Зоран Заев бега од одговор дали навистина го пријавил случајот „Рекет“!, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Пред една недела побарав Зоран Заев да ја покаже белешката од пријавата на случајот „Рекет“. Имено неговиот ПР тим тврди дека тој прв пријавил за „Рекет“, ако е така нека ја покаже белешката од пријавата.
После мое упорно инсистирање во понеделникот кажа дека требало да провери во агендата кој ден и каде го пријавил „Рекет“, пишува Николоски на Фејсбук и додава:

„Па јавно прашувам пет дена ли му требаат да провери кога го сторил тоа? Пет дена неможе да ја провери сопствената агенда? Па веќе никој не верува на овие лаги, провидно е…
Јасно е дека бега од одговор зашто Зоран Заев не го пријавил „Рекет“. После една недела тоа е заклучокот и вистината за „Рекет“, Зоран Заев не го пријавил зашто самиот тој е на врвот на пирамидата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега