Ахмети: Не би било добро за државата ако ДУИ победи на избори и не формира влада

12 април е договорен консензус.  За да се одложи овој изборен термин ќе треба да биде одложен со договор од сите партии, порача лидерот на ДУИ Али АХмети на денешниот предновогодишен брифинг со новинарите.

Тој очекува ако ДУИ победи на изборите да се почитува непишаното правило – владата да ја прават победниците во македонскиот и во албанскиот политички блок, пренесува „Плусинфо“.

– Не би било добро за државата ако не се почитува принципот победниците на изборите да прават влада. Во 2016 имаше специфични околности за државата. Не би било добро да се повтори 2006 година – изјави Ахмети денеска во Тетово на новогодишниот брифинг со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица.

Ахмети смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е најприфатлив кандидат за технички премиер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега