ВМРО-ДПМНЕ: Платите во образованието најмногу растеа во периодот од 2006 до 2010 година

Премиерот Зоран Заев кажува погрешни податоци. Согласно официјалните податоци на Завод за статистика, а прикажано на Графиконот, платите во образованието највеќе растеле во времето на ВМРО во периодот 2006 до 2010 година. Имено, во овој период стапките на раст изнесувале: 6,5% во 2007 година, 12.2% во 2008 година и 37.7% во 2009 година, пишува во рекацијата на МВРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев по потпишувањето на спогодбата меѓу Самостојниот синдикат на образование наука  и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука за зголемување на платите за вработените во образованието.

„Од податоците јасно е дека Премиерот во негов стил го избира периодот на финансиската криза кога во цела Европа платите се намалуваа (само во Македонија остана стабилни) и го споредува со периодот 2017-2019 кога платите во Европските земји растат со повисоко темпо од платите во Република Македонија.

Во прилог е табела со стапките на раст на платите во земјите од Југоисточна Европа:

Годишна нето плата и стапка на раст:

Извор: Еуростат

Стапката на раст од 5,1% Република Македонија во 2018 година е најниска доколку се споредиме со земјите прикажани во табелата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега