ВМРО-ДПМНЕ ќе бира министри веднаш после утрешните лидерски средби - ако изборите се одложат ќе покрене протести

ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за министри за внатрешни работи и за труд и социјала во пржинската влада веднаш после утрешните лидерски средби на Христијан Мицкоски со Зоран Заев и Али Ахмети, доколку, велат од опозициската партија за „Фокус“, биде дефинитивно потврдено дека парламентарните избори ќе се оддржат во договорениот термин кај претседателот Стево Пендаровски-12 април.

-Гледаме дека одложувањето на изборите се уште е во игра,па сакаме на средбите да се увериме дека изборите сигурно ќе се оддржат во април, пред да донесеме конечна одлука за нашите членови во владата. Не сакаме да ги изгориме луѓето, да ги избереме а избори да нема-објаснува висок партиски функционер за „Фокус“, додавајќи дека доколку власта ги одложи изборите, опозицијата ќе иницира серија на масовни граѓански протести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега