СДСМ: Единствени кои ги заштитуваат криминалците се ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нема идеја ниту план а најмалку став, си тера пресови со невистини, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите денес, работат професионално, транспарентно и отчетно и исклучиво во интерес на граѓаните. Потврда за тоа е и последната анкета на јавно мнение ,според која 8 од 10 граѓани се чувствуваат безбедно и бројот на задоволни граѓани од работата на полицијата е значително зголемен во однос на резултатите од 2017 година и изнесува 55 отсто.

Сите параметри водат кон позитивни промени во полицијата и нејзино унапредување.

ВМРО-ДПМНЕ како за се друго така и за ова, остануваат во својата матрица на црни сценарија и  заштита на криминалците. Затоа на 12 април ќе доживеат фијаско на предвремените парламентарни избори.

СДСМ била и останува на страната на граѓаните и државата“, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега