Заев: На највисоките тела на СДСМ ќе се анализира досегашната коалиција со ДУИ

СДСМ вечерва на состаноците на Извршниот и Централниот одбор на партијата, покрај за кадровските решенија за техничката влада, ќе ја анализира и досегашната коалиција со ДУИ.

Премиерот Зоран Заев попладнево на прес-конференција во Владата рече дека ќе се разговара за коалицијата, бидејќи ниту амандманите се повлечени, ниту нешто се случило и оти тоа е лошата порака добиена од партнерот.

– Таа анализа е отворена на сите работни состаноци. Верувам дека денеска на високата политичка координација на Извршниот и на Централниот одбор ќе направиме анализа на коалицискиот аспект на дејствување и на евентуалното продолжување или непродолжување. Ќе направиме анализа на нашите следни чекори така што до крајот на годината ќе направиме сеопфатен осврт. Верувам дека покрај кадровските одлуки што ќе ги донесеме, ќе изградиме и значајни стратегиски аспекти кои ќе им ги соопштиме на граѓаните, истакна Заев. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега