ВМРО-ДПМНЕ: Заев три години влечеше надолу, доаѓа обновата

Економијата во Македонија тоне. Погрешните економски политики, корумпираноста, расипништвото и неспособноста на Заев трета година по ред ја влечат надолу. Добрата вест е што Заев не е повеќе власт, а од 12 април и остатоците на неговите погубни политики ќе доживеат тежок пораз и Македонија ќе тргне напред. Ова го велат денеска од ВМРО.

- 2019 година ја завршивме со 70 милиони евра помалку даночни приходи од планираните согласно извештајот на УЈП за изминатата година. По основ на прибирање на данок на добивка, прибрани се 24,49% помалку средства од планираните, а по основ на данокот на личен доход прибрани се речиси 2% помалку од планираното и покрај зголемената даночна стапка која важеше до октомври 2019 година. Кај данокот на додадена вредност прибрани се помалку средства во износ од 70 милиони евра. Дополнително растот на БДП во услови кога нема светска и економска криза е помал од просечниот раст на БДП во ЕУ, а нивото на странски инвестиции заклучно со третиот квартал е само 113 милиони евра што е два и пол пати помалку од лани и еден од најниските во Европа и Балканот. Годината ја завршивме и со намалено индустриско производство и за 1,5% помалку вработени во индустријата, велат тие.

Сето ова е резултат на погубната економска политика која Заев ја спроведуваше изминатите три години. Се намали економската активност, а со тоа се намалија и даночните приливи.

- Стопанството е доведено пред колапс. Реалноста е катастрофална. Падот на економијата може да се спречи само на 12 април, кога ќе отпочне обновата на Македонија и економскиот напредок, додаваат ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2020 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега