ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лаже како Заев, ветуваше 100.000 плата а даде само трошки

Филипче по терк на својот ментор Заев ги лаже граѓаните. Ова денеска го велат ВМРО-ДПМНЕ.

- Филипче во текот на своето министерување има континуитет само во едно, а тоа се лагите. На докторите специјалисти им ветуваше плата од 100 илјади денари, но им даде само трошки. Ветените 100 илјади денари за доктор специјалист останаа само сон. Д енеска Филипче повторно се пофали со трошките, зошто ветените 100 илјади денари ги нема. Притоа Филипче го заборави административниот и помошниот персонал во здравството, велат тие.

Додаваат дека  наместо со реализирање на ветеното, медицинскиот персонал остана со лагите на владата на СДСМ и Филипче.

- На 12-ти април ќе се стави крај на министерувањето и лагите на Филипче, и ќе започне обнова во здравствениот систем, велат ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2020 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега