Таравари: Сакаме ДУИ да замине во опозиција

И покрај тоа што Алтернатива настојува дека не сака Беса да биде дел од тројната коалиција, Алијанса за Албанците,  која е иницијатор и понатаму тврди дека тројната коалиција може да стане реалност.

-Има добра волја, се уште настојуваме бидејќи гледаме сигнали дека тоа може да се случи, инаку не би инсистирале-изјави Таравари за ТВ21.

За тројната коалиција не настојува само Алијанса за Албанците туку и внатрешни и надворешни фактори, со цел ДУИ да замине во опозиција, тврди Таравари. Тој е убеден дека тројната коалиција ќе има донесе сигурна победа.

-Сите тие фактори кои настојуваат да бидеме заедно, сакаат и сметаат дека време е ДУИ да замине во опозиција. Кога велам надворешни фактори подразбирам албанските држави во Балканот кои ги сметаме за браќа, пријатели, кои ни посакуваат добро исто како и ние на нив-вели Таравари.

Можноста Алијанса да излезе сама на избори е мала, затоа Таравари вели дека ќе бидат обврзани да избираат меѓу Беса и Алтернатива. Не кажа која има повеќе шанси но вели дека имаат јасни бројки од направените анкети,

-Нашиот аналитички тим ни подготви  бројки, дури и со гласачи, колку и каде имаме ние, и одредените партии, но соработката секогаш не се основа на бројки, едноставно некогаш е и програмската компатибилност на две партии но и целите на партиите-рече Таравари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега