После 4 часовна дискусија, законот за дрога не помина во Собрание

Пратеникот Ѓорчев и останатите пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по 4 часа дискусија го спречија законот за опојни дроги и психотропни супстанции предложен од власта.

Тој истакна дека овој закон не само што е штетен по здравјето на граѓаните, туку и со него се прави обид да се злоупотребат инситуциите на системот за лично богатање на фамилијата на Заеви.

-Станува збор за мафијашка работа, директно семејството Заеви ја поседува оранжеријата „МАМ“ која во овој момент има има дозвола од Министерството за земјоделство за производство на маслото за канабис за медицински цели и е купена од две фирми, едната е „Еленица“ од Струмица, другата е словенската фирма „Фрејкер“.

Обидот да се протне Законот за опојни дроги и психотропни супстанции Ѓорчев го нарече „мафијашка работа“ која наликува на оние земји каде цветаат нарко бизнисисте и главни се картелите за дрога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега