Mилошоски: Денес успешно спречен обидот на СДСМ да го прошверцуваат Законот за трговија со опојни дроги

Тензично и со расправии помеѓу пратениците од власта и од опозицијата помина денешната расправа за Законот за опојни дроги, со кој се регулира производството и извозот на сув цвет од производителите на канабис.

Безуспешно помина исистирањето на опозицијата, законот да се повлече. Реагираа дека закоснките измени се дело на претходната, а не актуелнаата техника влада и најавија амандмани.

На „Фејсбук“ пратеникот Антонио Милошоски објави дека успеале да го спречат обидот за „прошверцување“ на овој закон.

„Денес успешно спречен обидот на СДСМ да го прошверцуваат законот за трговија со опојни дроги, кој е посебно битен за бизнисот на лицата З.З., В.З. и Биг Мајк, а Македонија би се претворила во балканска Колумбија, порача Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега