СДСМ: Мерките кои ги спроведуваме даваат резултати- откупната цена на тутунот на највисоко ниво во последните 6 години

Мерките и политиките што ги спроведува СДСМ во земјоделството ја подигнаа откупната цена на тутунот на највисоко ниво во последните шест години, велат во своето соопштение од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека просечната откупна цена за килограм тутун од реколтата 2019-та изнесува 222,5 денари за килограм и е речиси два пати повисока во однос на 2014 година кога беше 118 денари.

„За стимулирање на квалитетот со новиот модел на зголемени субвенции тутунопроизводителите се мотивирани да произведуваат квалитетен тутун и да постигнат повисока откупна цена. Субвенциите за прва класа тутун изнесуваат 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и за дополнителните класи.

Досега се откупени 20 милиони килограми тутун, однсно 80 отсто од планираниот откуп. Вредноста на откупениот тутун изнесува скоро 4,3 милијарди денари, од кои на тутунопроизводителите веќе им се исплатени 4,1 милијарди.

Со новиот закон за тутун од оваа година се укинуваат евидентните листови, со што значително се олеснуваат административните процедури за тутунопроизводителите, кои ќе ги склучуваат договорите директно со откупните претпријатија.

Мерките на СДСМ за унапредување на производството на тутун и навремената и неселективна исплата на субвенциите, дополнително го јакнат интересот на земјоделците за производство на квалитетен тутун. На прав пат сме и на тој пат продолжуваме и по победата на 12 април“ велат во партиското соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега