Стоилковски: Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градбата на штипската болница во куќа на шоумен?

Владата молчи за аферата „Рекет 3“, молчи Оливер Спасовски, молчи Венко Филипче. Нема ниту глас од Зоран Заев, иако „Рекет 3“ како надоврзување на „Рекет 1“ и „Рекет 2“ излегува во јавноста на три месеци пред избори, реагита Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега е јасно зошто Штип остана без болница, јасно е дека заради лукративни цели и незаконски постапувања болницата уште не е доградена. „Рекет 3“ е случај на рекетирање на домашна компанија и нејзино туркање во стечај заради нејзино преземање понатаму. „Рекет 3“ е случај на вмешаност на министер во рекетирање и непостапување по банкарската гаранција на штета на буџетот иако договорот не е испочитуван. „Рекет 3“ е случај наново барање на 7 милиони евра од буџетот за истата компанија која што должи пари и веќе две години доцни со градбата. Оливер Спасовски, неговиот ментор Зоран Заев, и пред се Венко Филипче мора да објаснат зошто не е активирана банкарската гаранција? Пробиени се сите рокови и раскинат е договорот со подизведувачот, порачува тој.

Стоилковски повикува дека Венко Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градба на штипската болница во куќа на шоумен?

-Која фирма ќе биде нов подизведувач и дали е навистина е таа блиска до власта? Дали градежните работи и градежните фирми на штипската болница ги координира човек од семејството на поранешен премиер? Оливер Спасовски мора да одговори дали планира да му одобри на Венко Филипче нови 7 милиони евра за проект кој што врзан за аферата „Рекет 3“? Однесувањето на власта е срамно, однесувањето на обвинителството за организиран криминал уште посрамно. Од одговорноста нема бегање. Одговорноста ќе дојде, а поразот за оние кои што денес ни носат порази е неминовен, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега