Костадинов: Кадрите на Мицкоски не нудат ништо друго освен неетичко постапување и невистини

Кадрите на Мицкоски во преодната Влада освен опструкции и ширење на невистини во јавноста покажаа големо непознавање и непочитување на граѓаните, рече денеска на прес конференција Костадин Костадинов потпарол на СДСМ.

Тој нагласи дека техничката министерка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи очигледно самата се фати во сопствените лаги.  

„По објавените информации во медиумите за нејзин профил на глобалната мрежа за онлајн работа „Ап Ворк“ Мизрахи негираше, односно тврдеше дека наводно станува збор за лажен, односно злоупотребен профил.

Невозможно е некој во туѓо име да направи и да користи профил на платформата Ап Ворк.

При креирањето на профил на оваа мрежа потребни се целосни и сеопфатни податоци, поткрепени со официјални документи за стекнато образование, сертификати, документи за дополнителни вештини.

Станува збор за сериозна платформа со софистициран начин на работа, при што се внесуваат лични документи, лични податоци и информации, како банкарски сметки, пејпал профил и слично кои никој друг не може да ги знае освен тој што го создава профилот.

Конечно  по одреден период за потврда на автентичноста на профилот доаѓа токму од страна оваа платформа.

Ако било така како што тврди, зошто Мизрахи со години немала пријавено злоупотреба на лични податоци и кражба на идентитет до надлежните институции?  Не е спорно некој преку глобална мрежа за услуги да заработува. Спорно е неискрениот пристап пред граѓаните.

Тоа е неетички, непрофесионално и измамнички.

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не нудат ништо друго освен неетичко постапување и невистини.

Затоа на 12 април граѓаните ќе го казнат таквото однесување и уште еднаш ќе ги поразат погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ рече Костадинов на прес конференција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега