ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДСМ претпочитаат да имаат криминалци за соработници

Криминалците од СДСМ претпочитаат да имаат криминалци за соработници, велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека затоа Оливер Спасовски пред заминување го именуваше за началник Драган Симоновски, лице кое беше гонето за тежок криминал.

„На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ не им пречесе сто Симоновски беше и во притвор затоа сто беше осомничен дека изнудувал пари со злоупотреба на класифицирани информации од ПИ мерки кои не смеел да ги има.

На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ не им пречеше Одделот за организиран криминал да му го препуштат на неспособниот Лазе Велковски чиј врвен дострел во полициската кариера бесе да ангажира возач и да злоупотребува службено возило за да ги развозува сопствената ќерка и нејзините другарки по грќките кампови.

На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ им требаат корумпирани кадри кои ќе менуваат пријави и записници како во случајот со насилството на Курто Дудуш.

На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ им требаат корумпирани кадри кои ке седат по маси со криминалци или ќе соработуваат со нарко-бандите низ Македонија.

На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ им требаат луѓе како Примислав Димовски за кого медиумите пишуваа дека по телефон ослободувал криминалци на кои актуелната власт им должела.

Спасовски, Петровска и СДСМ се плашат од чесни, професионалци кои нема да прават компромис со правдата и законите.

Времето на коалицијата на полицијата со криминалот завршува на 12 април. Јасна е паниката во СДСМ. Стравот на Заев и Спасовски е оправдан. После 12 април секој ке одговара за стореното и секој ке биде еднаков пред законот“ велат во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега