Стојаноски и Николов од ВМРО – ДПМНЕ се сретнаа со претставници на Координативното тело на здравствената администрација

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, др.Синиша Стојаноски, членот на Извршниот комитет,др.Игор Николов се сретнаа со претставници на Координативното тело на администрацијата и помошно - технички лица во јавните здравствени установи.

Според партиското соопштение, тема на средбата беше фактот што министерот за здравство Венко Филипче ја манипулира администрацијата во здравството во делот на покачување на платите.

Од Координативното тело ги информираа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ дека е потпишан Анекс на Колетивниот договор со кој помошно – техничкиот пероснал во секторот здравство е изманипулиран и покрај ветувањата што им се дадени.

Претставниците на Координативното тело соопштија дека има барање за именување на администрацијата во здравството како „здравствена администрација“, составен дел од здравствените систем. Со ова, како што посочија претставниците на Координативното тело, ќе се направи усогласување со стандардите во државите членки на Европската унија.

Од Координативното тело на средбата информираа и дека ќе продолжат со борбата да ги остварат своите права запознавајќи ги со своите барања сите релевантни субјекти.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ на средбата изразија разбирање за потребите што ги претставија претставниците на Координативното тело на администрацијата и помошно - технички лица во јавните здравствени установи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега