Силјановска: Имаме долг кон Евреите во Македонија, но имаме и долг кон партизаните во Македонија
Во емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија за антисемитските напади врз министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, професорката Гордана Силјановска истакна дека не смееме да дозволиме одредени луѓе од политиката да се однесуваат непримерно кон новата министерка за социјала и труд затоа што е Еврејка и праша каде се сите оние кои се залагаат за правата на жената и на верските права.
-Сега кога добивме профил на извонредно образована и модерна жена не смееме да дозволиме вакво однесување на поединци кон Рашела Мизрахи. Кога реагира Еврејскиот центар за холокаустот, основан од Симон Визентал, тоа многу значи. Но, она што е болно за нас во Македонија е тоа што никогаш во македонија немало антисемитизам. Но, што е ми се чини најважно. Во нашиот идентитет е вграден и холокаустот, како нешто мрачно. Бидејќи повеќе од 7 илјади луѓе Евреи од Mакедонија биле депортирани во Треблинка, меѓу кои и многу од семејството на министерката Мизрахи. Значи ние имаме долг кон Евреите во Македонија, но имаме и долг кон партизаните во Македонија. Еден ден и нашиот сосед Бугарија ќе мора во својот идентитет да признае дека тогашната власт, не бугарскиот народ, ставила потпис за депортацијата. Не е лошо еден бугарски политичар да собере сила и да се извини за тоа. Да кажам и за измените во уставот од 2001-ва година на членот што се однесува на верата и на верските заедници, стои со право и Еврејската црква. Ако имаме и еврејско маало и Музеј на холокаустот, ако имало и има синагога во Македонија, тогаш зошто Еврејската заедница ја нема во Преамбулата во уставот?, рече Силјановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа