Ахмети: Албанската опозиција да се обедини, да не губиме мандати

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со граѓаните на Сарај ги коментираше последните случувања во албанската опозиција.

– Слушам гласови како се караат дека овој бил ДУИ тој бил ДУИ, овие малите кои избегале од големата соба сите биле во ДУИ. И навистина ДУИ е голема соба. Не се карајте туку дојдете во својот дом, не седете по улици – рече Ахмети, пренесува „Слободен печат“.

Ахмети уште еднаш ја повика албанската опозиција да се обедини со цел да не се изгубат мандатите кај Албанците.

– Срам ми е пред меѓународните делегации. Шест албански делегации, две македонски. Изгубивме 10 мандати, не ДУИ туку Албанците. Не е време да се караме за столчиња, уште работа имаат Албанците за целосна еднаквост во овие простори. Затоа другите ги сакаат поделени и тоа е нешто што не треба да го дозволат Албанците – изјави лидерот на ДУИ.

Ахмети побара од противничките партии да се натпреваруваат со ДУИ преку дела и концепти, а не преку лаги и измислици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2020 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега