Ѓорѓиевски: Заев, Спасовски и Петровска се во паника

Криминалот и криминалците се природна средина за Заев и Спасовски. Само со сомнителни ликови тие се чувствуваат сигурно бидејќи знаат дека со такви ќе може да се пазарат и договараат, ова денеска на прес-конференција го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа Спасовски и Заев ги плашат законските смени во МВР. Затоа Спасовски и Заев си ја назначија Славјанка Петровска за заменик во МВР чија единствена задача ќе биде да ги штити криминогените ликови и да ја спречи професионализацијата на МВР. Впрочем Петровска нема ниту ден работно искуство во областа на безбедноста. Единствена додирна точка и беше седењето во шатор пред владата каде хулигани напаѓаа и повредија десетици полициски службеници. Заев, Спасовски и Петровска се во паника бидејќи веќе не може да се потпрат на услугите на Примислав Димовски кого си го назначија за началник на интервентната единица. Димовски е познат по тоа што дебело си ја наплати својата соработка со криминализираното СЈО. Дали и тој е вмешан во рекетот треба да се докаже истрагата, но Димовски освен платата од МВР зел и 40.000 евра за услугите кон Катица Јанева, потенцира Ѓорѓиевски.

Тој додава дека Заев, Спасовски и Петровска се во паника затоа што се гледа дека Лазе Евридики, не е единствениот кој полициските службени возила ги злоупотребувал за лични потреби. Лазе ќерката си ја развозуваше по грчки кампови, а за соработниците на Спасовски не се знае ниту каде ги управуваат возилата. Лазе Евридики без срам си го поставија за началник на организиран криминал, а соработниците на Спасовски уште побесрамно одбиваат да ги вратат службените возила.

-Јасно е дека со вакви ликови во полицијата ќе гледаме престрелки по хотели и улици или ќе имаме фалсификувани пријави како во случајот со насилството на Курто Дудуш. Нивното време завршува. Доаѓа времето на професионализација и на вистинска борба со криминалот. После 12-ти април почнува вистинската реформа во МВР, а секој ќе одговара за незаконското постапување, вели Ѓорѓиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2020 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега