Алаѓозовски: Ја поставуваме културата на повисоко ниво со вклучување на граѓаните во креирање на програмата

Граѓанското учество стана главно обележје на нашето работење, во таа смисла е и денешната трибина и денешните говорници кои иако не се партиски членови, некои од нив одамна се со нас и ни помагаат во креирањето на програмата и стратегиите во културата, посочи Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ на трибината на СДСМ “Агенда – Култура 20-24”.

Остнуваме посветени на европските вредности и развој, затоа ако нашата земја ако сака да стане дел од европското семејство мора да ги следи тие политики, најбитно е дека културата игра клучна улога во менувањето на нашата свест, свеста на нашите граѓани, а преку  европските политики и концепт ние ги негуваме и ги спроведуваме во нашата програма.

Ако претходно беше слободарска култура, сега таа треба да се насочи кон развој на културата следејќи ги европските трендови, посочи Алаѓозовски.

Алаѓозовски посочи дека културата е клучна од аспект на граѓаните и нивно учество во општествениот живот и затоа треба да водиме политики кои ќе го зголемат опсегот на луѓето кои се вклучуваат во целокупниот општествен живот во културата

Модниот дизајн, филмската уметност и креативната економија е она на кое треба да останеме фокусирани во следниот период, вградувајќи ги во програмата Наша задача е да ја поставиме културата на ново, повисоко ниво, заклучи Алаѓозовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега