Трипуновски: СДСМ функционира како мафијашко здружение, никој повеќе не им се плаши

Зоране, Љупчо, Трајане, потонати сте во криминал. Ќе одговарате, за секоја уцена, закана и притисок. Три години цели семејства, жени и малолетни деца живеат во страв од вашите пајташи и нивната аздисаност, стои во Фејсбук објавата на дополнителниот министер за замјоделие Цветан Трипуновски.

-Целата криминогеност и изопаченост на оваа влада во секторот земјоделие денеска излезе на површина. Томе Мојсовски, советник во кабинетите на Љупчо Нилоловски и Трајан Димковски се заканува врз цели семејства за да се изврши неговата наредба, вели Трипуновски во својата објава.

После ова се е јасно. СДСМ функционира како мафијашко здружение. Се закануваат и уценуваат. Овој административец ( Томе Мојсовски ) кој е платен со народни пари глуми Ал Капоне. Заплашува народ, додава тој.

-Со страв владееја, но веќе се е на виделина. Никој повеќе не им се плаши. На народот му се гади. Земјоделецот го донесовте на питачки стап, а вие аздисувате. Вака повеќе не може. Вака повеќе не смее, вели Трипуновски.

Ги повикувам надлежните органи, веднаш, во најбрз можен рок да постапат по однос на овие индиции за противправно влијание и притисок, повиолува дополнителниот министер за замјоделие.

-Заев, Николовски и Димковски мора да сносат одговорност. И политичка и кривична. Одговорност веднаш!, заклучува во својата објава заменик министерот Цветан Трипуновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2020 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега