СДСМ: Работиме законски а ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот

Додека СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби на техничките функции и ширење лажни вести го бранат криминалот на режимот, велат во соопштение од СДСМ утринава.

Од таму велат дека вчера беше објавен разговор со кој ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола сакаа да креираат непосточки случај, класична лажна вест ставија во функција на одбрана на криминал. И не успеаја.

„Се покажа дека станува збор за разговор кој покажува законско работење нанадлежни институции, кои презеле навреме соодветни мерки за заштита на интересот на државата и граѓаните.

Од страна на советникот на министерот Димковски, Томе Мојсовски му се укажува на лице вработено во Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид, да го почитува законот и да презема мерки за почитување на договорот од страна на концесионерот на Охридското езеро. 

Три месеци инспекторот од Охрид не презел никакви дејствија, не ја вршел својата работа и не соработувал со Езерската полиција, по што дошло до низа сериозни прекршувања на законите. Се што Мојсовски барал од инспекторот  да ја работи својата работа и да не штити прекршувања на законите. 

СДСМ работи законски а ВМРО-ДПМНЕ и медиуите под нивна контрола го бранат криминалот.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога се толерираше и поттикнуваше незаконско работење токму од оние кои треба да ги спроведуваат законите, денес институциите постапуваат согласно законите и надлежностите и не дозволуваат некој да штити или поттикнува криминал.

Денес, институциите се во сигурни раце, а иднината на државата и граѓаните е обезбедена во големите светски сојузи НАТО и ЕУ.

Денес во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Тие јасно покажуваат дека се носители на криминалот и беззаконието, узурпатори на институциите во обид и партија која е радикална и која е закана за мирниот живот на граѓаните.

Груевистичкото ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е изолирано и спречено да прави криминал од страна на професионалните институции. Во нашата разумна и нормална земја, членка на НАТО, груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема да има никакви шанси на изборите во април.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, режим никогаш повеќе“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега