СДСМ: Арсовски да се извини за лагите за вработувања во Прилеп, во спротивно ќе добие кривична

Ноторна лага е дека командирот на полициската станица од општа надлежност во Прилеп, Кире Спиркоски, ја вработил сестрата на својата сопруга во општината, велат од претставништвото на СДСМ во овој град, како реакција на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој кажа дека во Прилеп владее епидемија од непотизам.

„Чудно е што партијата која во моментот има министер за внатрешни работи, да не знае дека личноста која ја посочуваат дека наводно била вработена во Општина Прилеп, всушност долги години е вработена и се уште работи во МВР“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека доколку во законски превидениот рок, Арсовски не се извини за јавно изнесените невистини и клевети, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

„Непотизмот и инсталирањето на кадри во државните и локалните институции, беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, за што постојат стотици примери“, велат од СДСМ и додаваат дека партијата и натаму е заглавена во криминалните раце на Никола Груевски и продолжува да шири лаги и клевети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2020 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега