ВМРО–ДПМНЕ им го честита изборот на Едмонд Османи и на Алтин Тола за админстратори на Требиште и Острени

ВМРО–ДПМНЕ го поздравува изборот на двајцата Македонци, Едмонд Османи и Алтин Тола за администратори на административните единици Требиште (6 села), односно Острени (12 села), во областа Голо Брдо, Албанија. При тоа искажува убеденост дека тие успешно и посветено ќе ја извршуваат оваа многу значајна функција.

„ВМРО–ДПМНЕ  искажува целосна поддршка и подадена рака за соработка со Едмонд Османи и Алтин Тола во градењето на овие административни единици во посилни европски единици во кои економскиот напредок и инвестирање во инфраструктурата ќе бидат високо на нивната агенда и воедно точки за идна соработка“, стои во соопштението на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2020 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега