СДСМ: Заев се сретна со Вартоломеј зошто доби директна покана и сам си ги плати патните трошоци

ВМРО-ДПМНЕ соочени со извесен убедлив пораз на изборите и очај од немање на програма остануваат заглавени во деструктивната матрица, велат од СДСМ како реакција на денешното излагање на Наум Стоилковски, кој запраша во кое својство Заев отиде на средба со Вселенскиот Патријарх .

„Средбата е резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упати до Зоран Заев додека тој беше премиер на Република Северна Македонија, а додека се договараше нејзината реализација, во меѓувреме Оливер Спасовски беше избран за премиер во преодната влада“, се објаснува во партиската рекција во која се додава дека токму затоа во посета заминале и Заев и Спасовски.

Од СДСМ велат дека сите трошоци за патувањето биле подмирени лично од претседателот Заев, нешто за кое истакнуваат дека било незамисливо за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2020 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега