ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на Заев се личните бизнис интереси, а не добросостојбата на граѓаните

Приоритет за Зоран Заев се личните бизнис интереси, а не добросостојбата на граѓаните, велат преку соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата велат дека затоа Заев не се занимава со енормното загадување, доцнењето и стотици милиони евра поскапата изградба на клиничките центри во Скопје и Штип, туку се фокусира на предизборно, шверцерско протнување на законот за контрола на опојни дроги.

„Нивите со марихуана на Вице му се поважни и од датум и од реформи и од изградба на патишта. Криминалната власт предводена од Зоран Заев овие три години наместо да донесе живот кој што го ветуваа, донесе живот само за лицата блиски до кланот на Заеви. Во овие три години  Заев, заборави на граѓаните и се посвети на полнење на  сопствените џебови. За да можат да се полнат џебовите на кланот Заеви, пратениците од СДСМ брзаат да го изгласат Законот за опојни дроги во Собрание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуват дека за да можат да се полнат џебовите на кланот Заеви, во погон е ставена и извршната и законодавната власт.

„Семејството Заеви е вклучено во две компании ктсикото соопштение се наведува декаои произведуваат марихуана, а според информациите кои кружат се „МАМ“ од Св. Николе и „Фарма медика канабис“ од Валандово.  Граѓаните го препознаа вистинското лице на власта кое изминатите три години заборави на нивните потреби. Граѓаните гледаат кој работи за нивниот интерес, а кој работи за интересот на криминално-рекетарската банда на цело со аболицираниот Зоран Заев. На 12 Април граѓаните ќе стават крај на овие криминални политики на СДСМ и Заев. На 12 Април граѓаните ќе изберат политики кои ќе бидат насочени кон подобар и поквалитетен живот“ се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега