Јанушев: Во 2019 година, Македонија е класифицирана на ниво на авторитарен режим во друштво со африканските држави

Вистинското лице на Заев и СДСМ, оние “two face” на Заев и СДСМ ги препознава светот, напиша на свпкот фејсбук профил Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во најновото истражување на Списанието за демократија на НЕД (NED - National Endowment for Democracy) е извршено ажурирање на класификацијата на авторитарни режими во светот.

Заклучно со 2019 година, Република Македонија е класифицирана на ниво на авторитарен режим!
Република Македонија е во друштво на африканските држави како Буркина Фасо, Боцвана, Мозабик, Мали, Сиера Леоне!

Значи, криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ кои беа главни “протагонисти” за “уривање на режимот”, “нема правда, нема мир” ... се едни обични лажговци, манипулатори и криминалци! И тоа според американска непрофитна организација, која првенствено се финансира преку средства од Конгресот, во форма на грантови преку Американската агенција за информации (УСАИА).

Вистинското лице на Заев и СДСМ, оние “two face” на Заев и СДСМ ги препознава светот.

Но, она што се сеуште загрижува е тоа што оваа вест речиси и да помина незабележително во Македонските медиуми! Впрочем, и како поинаку да помине, кога само во последнот период се сменија 6 уредници на неколку влијателни медиуми.

Доаѓа време на вредности, принципи, промени, правда ... доаѓа време на Обнова на Македонија“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега