ВИДЕО: Масовна тепачка на ракомет во Охрид

Непосредно пред завршувањето на ракометен натпревар во саботата се случи тепачка меѓу ракометари во спортската сала "Атина Бојаџи" лоцирана во СРЦ "Билјанини Извори" во Охрид.

Играчот на РК "Охрид 2011" К. А. (22) од Охрид, физички го нападнал играчот на РК "Струга" Б.Б. (27) од Струга. Поради тоа настанала меѓусебна расправија и турканица од страна на играчите од двете екипи, недозволено влегување и фрлање предмети во натпреварувачкиот простор од страна на гледачите, стоеше во полицискиот билтен.

Видео: supersport.com.mk