СДСМ: ВМРО „паднаа болни" зошто Заев се сретна со Вартоломеј

Втор ден ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема чувство за она што е важно за државата и граѓаните. Ова денеска го велат од СДСМ.

- Во опозициската партија „паднаа болни“ од тоа што претседателот Зоран Заев по претходна покана и договорена посета се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Додека претседателот Заев се среќава со Вартоломеј, Ангела Меркел, Тереза Меј, Борис Џонсон, Емануел Макрон и други бројни државници, Христијан Мицкоски се среќава со Антонио Милошоски и други лица обвинети и осомничени во судски предмети. Оттука, јасна е фрустрацијата во белиот дворец. Јасна е и разликата меѓу одговорниот, државнички однос на Зоран Заев и СДСМ и деструктивното однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. За патувањето со комерцијален лет, за сместувањето не беше потрошен ниту еден денар од граѓаните, нешто што беше незамисливо за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога функционери на ВМРО-ДПМНЕ со службени картички трошеа за шопинг, за купување скапа гардероба, накит, посета на ексклузивни туристички места и слично, велат тие.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ниту сака ниту може да излезе од деструктивната матрица. Тоа граѓаните го гледаат и затоа на 12 април уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега