ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја силува правдата и прави прогон на неистомисленици

СДСМ е партија водена од аболициран криминалец која што изминатите три години ги злоупотреби судството и обвинителството да ги претвори во продолжена рака за нивното погубно политичко дејствување. Ова денеска го велат ВМРО-ДПМНЕ.

       -    Сите манипулации што Костадин Костадинов се обидува да ги протне во јавноста не поминуваат. Зоран Заев го раководеше телото за реформи во судството и пред година велеше дека судството било отворено како пупка. Всушност тој оваа позиција ја искористи за да си обезбеди ослободителна пресуда во случајот „Поткуп“ и случајот „Пуч“. Докази дека судството и обвинителството се ставени под капата на Заев и СДСМ има многу. Нема никаква правна разврска за случајот во кој Заев јавно повикуваше на изборна корупција, нема никаква правна разврска за градоначалникот Курто Дудуш кој што затвори и тепаше граѓанин во неговата градоначалничка канцеларија. Нема никаква правна разврска за скандалот „Леонардо“ во кој што до гуша е заглавен генералниот секретар на владата, Драги Рашкоски. Нема никаква правна разврска за мафијашките пресметки по градските улици и хотели во Скопје. Нема правна разврска ниту за крвавиот тендер, ниту за „Рекет 2“, ниту за случајот „Инсулин“ и другите афери во кои директно се врзува и министерот Венко Филипче. Нема правна разврска за уште десетици други афери и скандали во кои што функционерите на СДСМ се вмешани.  Од друга страна гледаме силување на правдата и политички прогон за сите оние кои се неистомисленици на Зоран Заев и СДСМ. Лицемерието на Костадинов и СДСМ ќе биде казнето на 12-ти април, велат тие.

           По 12-ти април ќе почне обновата на Македонија и функционирањето на правото и правната држава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега