Димовски: Законот за поништување на одлуките од лустарција е покритие за СДСМ

Во Република Македонија во службите се најдени 16 илјади индивидуални политички досиеја, или толку биле политилки следени, а во затворите се најдени 22 илјади политички досиеја или биле во затвор од различни политички причини. Притоа во Македонија се лустрирани само 180 луѓе. Или ако 22 илјади биле во затвор од политички причини, а 180 луѓе ги кодошеле не е реално, рече Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија 24 на тема поништување на одлуките кои прпоизлегоа од Законот за лустарција.

Тој посочи дека Европксиот парламент, Советот на Европа комунизмот го квалификуваат како тоталитарен режим. Оттука додаде тој „ако се промовираме за Европјани треба да го прифатиме тоа“.

-Во политичките досиеја се најдени податоци за водени досиеја од 1993 година, 1996, 1997 за лица што ги знаеме и тоа е веќе криминал и спротивно на Уставот. Има илјадници семејства во Македонија чии пријатели, дедовци биле прогонувани внатре во државата, им биле одземени правата. Не се лустрираа многу луѓе во Македонија, јас не го идеализирам процесот. Деновиве реков и дека во Македонија се случи најмекиот пример на лустрација. Во Бугарија, Чешка, Германија ги објавија имињата, рече Димовски. Според него не требало да има правни последици по лицата во процесот на лустрација.

-Не мислам дека со забрана за вршење јавна функција ќе се врати нешто. Пет и пол години затвор за мојот прадедо и три месеци затвор на мојот дедо нема да ги израмнат сметките. Тие се судени за борба на независна Македонија, посочи Димовски. Потребно беше, рече Димовски, само да се објават списоците. -Законот е несериознен и не може да помине ни од технички причини сега за овие дваесеттина дена до распуштање на Собранието. Законот е пуштен по редовна постапка за што треба време. Овој закон сега е само покритие за СДСМ да каже на луѓе кои давале поддршка за рушење на претходната власт дека сакале да помине ваков закон, ама ете ДУИ, Турците, ВМРО се криви и лоши, изјави Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега