СДСМ: На 12 враќање на режимот нема да има

Откако се случија демократските промени на локално ниво, до денес за 2,5 години од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на  режимската ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го велат СДСМ.

- Од овие 300, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови. Но многу од овие слуачи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од страна на остатоците од заробената држава во судството. Структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво. Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството. Истовремено, покажува дека нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара, велат тие.

Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште е присутна криминалната матрица.

- Затоа за опозицијата главен приоритет и натаму е одбрана на криминалот од нивното 11 годишно уништување на државата. Затоа, граѓаните на 12 април ќе им испорачаат нов пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и јасно ќе порачаат дека враќање на режимот нема да има, додаваат СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2020 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега