ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го користи судството за политичка пресметка со неистомислениците
СДСМ е единствената партија во Европа контролирана и водена од аболициран криминалец. Тој аболициран криминалец беше на чело на телото за реформи на судството и оваа позиција дополнително ја искористи за да обезбеди ослободителни пресуди за случаите Поткуп и Пуч. Хари Локвенец друг пат кога ќе излезе на прес конференција нека ја погледне изјавата на неговиот аболициран лидер од пред една година дека судството е реформирано и отворено како пупка. Ова го велат ВМРО-ДПМНЕ денеска.
- СДСМ од една страна го претвори судството во маша за политичка пресметка со неистомислениците, а од друга страна го користи за заштита на криминалот и корупцијата кои што ги генерира нивната власт. Судството под контрола на Зоран Заев ги штити криминалите и корупцијата на оваа власт. Нема никаква правна разврска за скандалот Леонардо во кој е вмешан владиниот генерален Секретар Драги Рашковски, нема разрешница за крвавиот тендер, тендерот со стерилизација, скандалот Инсулин, Скандалот Вирус, скандалот Рекет 2, Рекет 3 во кој е вмешан Венко Филипче, тендерите на Кочо Анѓушев, скандалите на локалните шерифи- градоначалници во Штип, Демир Хисар, Делчево и слични, тепачот Курто Дудуш, скандалот со Фондот за иновации од каде пари доби и фирмата на Хари Локвенец, изборната корупција направена директно од Заев за референдумот и десетици други поголеми корупциски и криминални скандали. Да имаше правна држава пола раководство на СДСМ ќе требаше да одговара. Но 12 април е блиску и после тоа ќе следи владеењето на правото кое ќе донесе правда за сите и сите кои го прекршиле законот ќе одговараат без разлика на нивната политичка ориентација, велат тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа