Николовски на средба со Монсињор Анселмо Гуидо Пецорари: Јакне соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Ватикан

Денеска остварив средба со Неговата Екселенција Монсињор Анселмо Гуидо Пецорари, папски нунциј за Македонија и Бугарија и Франческа Адриана Скорза. На средбата уште еднаш беа потврдени односите на највисоко ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија и Ватикан. Зачувувањето на демохристијанските вредности е од огромно значење за државата и општеството. За ВМРО-ДПМНЕ зачувувањето на традиционалното семејство, борбата со пороците и слободната економија и десничарскиот поглед на светот се приоритет.

На средбата разговаравме и за состојбата во Република Македонија, визиите и планот на ВМРО-ДПМНЕ и насоките во кои се движи Република Македонија како и за одличните односи помеѓу католичката и православната црква во Македонија.

Во октомври 2019 во рамки на посетата на Ватикан остварив средба со Кардиналот Пијетро Паролини кој воедно е државен секретар на Ватикан и прв човек на политичките и државните операции. ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува одличната соработка со Ватикан, напиша Николовски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2020 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега