Милошоски: Доколку СДСМ се откаже од Законот за трговија со марихуана, би имале шанси за консензус за Законот за ЈО

 

 

 ВМРО ДПМНЕ го доби текстот на Предлог законот за јавно обвинителство. Пратеничката група и партиските тела ќе го разгледуваат следниве денови. Сепак, пратеникот кој беше дел од опозициската преговарачка група вели дека консензусот е многу тежок сè додека власта им посветува поголемо внимание на одредбите на Законот за дроги отколку на Законот за јавното обвинителство. Антонио Милошоски вели дека се подготвени да го усогласат предлогот на Рената Дескоска преку амандмани.

- Доколку СДСМ се откаже од Законот за трговија со марихуана, би имале одредени шанси за консензус за Законот за јавното обвинителство, пишува пратеникот Антонио Милошоски на ФБ.

Постојат реални шанси на мајскиот Самит на ЕУ во Загреб да ѝ биде доделен датум за преговори на Македонија, но тоа ќе се случи само доколку сегашниот состав на македонското Собрание го изгласа Законот за јавно обвинителство најдоцна во февруари. Ова вчера го порача еврокомесарот Оливер Вархеји.

-Приоритет треба да му се даде на новиот Закон за јавно обвинителство. Се надеваме дека тоа ќе може да биде направено од страна на ова Собрание, односно пред неговото распуштање во пресрет на изборите. Тоа ќе биде добар знак упатен до нашите земји-членки, истакна Вархеји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2020 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега