Таравари: Во преговорите за Законот за јавно обвинителство и за изборниот модел треба да учествуваат и албански партии

За жал и за законот за јавно обвинителство и за изборниот модел и за пописот постојат работни групи кои се сочинети само од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што не е коректно, треба и албански партии да учествуваат во преговорите, вели градоначалникот на Гостивар од редовите на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во емисијата „24 анализа“.

-Нашиот став е дека тој закон требаше да се донесе пред 5 месеци за да почне да функционира правната држава. Овие натегања им оди во прилог и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно им годи и на двете страни да не функционира правната држава, вели Таравари.

Како што вели тој, ставовите на Алијансата за Албанците е дека законот за Јавно обвинителство треба да биде прифатен со консензус и дека во работните групи би било корекно и да се повикаат албански пратеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега