Хоџа: Сами ќе одлучиме за победничката коалиција

Во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“ на Алсат ТВ, портпаролот на БЕСА, Аријанит Хоџа, вели дека до нив како партија се обратиле надворешни фактори кои гледаат дека треба да се смени политичката сцена во Македонија. Албанците не се заинтересирани само да ја симнат ДУИ од власт туку да се декриминализира политичката сцена, вели Хоџа.

 

„За ова нема потреба да ни кажуваат ниту од Албанија, ниту од Косово туку тоа треба да го направиме ние што се занимаваме со политика. Сметам дека топката не треба да се фрла во Албанија или Косово дали треба да направиме коалиција, бидејќи секој може да ни даде пријателски предлози, но ние ќе одлучиме  која ќе биде победничката комбинација“, вели Хоџа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2020 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега