ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е срам за Македонија, човек со образ ѓон

Зоран Заев е срам за Македонија. Јавноста слушна како го валкал достоинството на Република Македонија многу пред да го потпише капитулантскиот Преспански договор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тој уште во 2014 година го пцуел името на државата. Тоа само покажува дека овој човек нема апсолутно никаква почит кон националните и државните интереси. Неговата зацртана цел била да дојде и да се дограби до гола власт и истата да ја искористи за лично богатење и богатење на фирмите блиски до неговиот клан. Да биде уште потрагично тој го поганел името Македонија во 2014 година, а во време на кампањата за парламентарните избори во 2016 година се колнеше во своите деца, во своите предци дека нема да го промени името. Тој споменуваше некаква негова македонска жица, па ветуваше дека нема да го менува уставот и уставното име, за да на крај без срам и перде го направи тоа за кое што од 2014 година мечтаел, да промени име на држава за да краде. Тоа само покажува дека овој човек безочно лаже. Ги лажел и своите сопартијци, но го лажел и сопствениот народ. Го пцуел името Македонија, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Заев е човек со образ ѓон.

-Не само што си ги менува ставовите, туку и лаже со цел да се добере или да остане на власт. Секоја негова изјава треба да се земе со огромна доза на резерва, бидејќи таа може да крие некоја подла и зла намера. Јавноста веќе го прочита и знае каков човек е Заев. На изборите на 12 април ќе биде казнет од граѓаните, порачаа од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега