Андоновска: Филипче во текот на мандатот ќе остане запаметен само по сомнителните тендери и скандали

Министерот за здравство, Венко Филипче во текот на мандатот ќе остане запаметен само по сомнителните тендери и скандали. Тој го призна уништувањето на инсулин со важечки рок на употреба, кажа Марија Андоновска на денешната прес-конференција за медиуми.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ќе го проверува скандалот, поточно дека „ќе преземе дејствија за проверка на потеклото на лекот и процедурата за уништување на инсулинот”. Изминуваат два месеци од обелоденување на скандалот, но ни трага ни глас од институциите. Молк во обвинителството“, кажа Андоновска и додаде:

„Затоа прашуваме,Дали јавното обвинителство презема некакво дејствие во врска со случајот? Доколку ништо не е преземено, која е причината за чување на предметот во фиока? Истрагата за случајот Инсулин не смее да заврши со ЌЕ. Народот гледа дека наместо да биде приоритет борбата со криминалот, приоритет на обвинителството е испoлнувањето на политичките нарачки на Заев.  Народот на 12 април ќе стави крај на ваквото однесување и ќе следи Обнова на Македонија“, кажа Андоновска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега