СДСМ: Со новиот Закон за извршување износот од 1/3, се намалува на 1/5 од просечните примања

Новиот Закон за извршување обезбедува целосно изземање од присилното извршување на примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица. Ова го велат денеска од СДСМ.

- Со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана од примањата на граѓаните. Наместо досегашните 1/3 од примањата, износот кој може да биде извршен се намалува на 1/5 од плата или пензија за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија. Примената  на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните. Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество, велат тие.

СДСМ како одговорна партија спроведува политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега